еМагазин
Image default
Локално

Уставниот суд укина ДУП за атрактивен дел во општина Карпош

Уставниот суд ја укина одлуката за донесување на Детален урбанистички план за Градска четврт 3 08, (бул.Илинден, ул. Франклин Рузвелт, бул.Партизански Одреди и бул.8-ми Септември) донесена од Советот на Општина Карпош од 20.02.2015 година

Уставниот суд на Република Северна Македонија по повод иницијативата на д-р Катерина Крстевска Савовска од Скопје на 18.09.2019 година поведе постапка за оценување на уставноста и законитоста на овој акт бидејќи основаноно се поставило прашањето за неговата согласност со член 8 став 1 алинеи 3 и 10 од Уставот на Република Македонија, со член 15-в од Законот за просторно и урбанистичко планирање и со членот 65 од Законот за животната средина.

Во судот утврдиле дека постои законска обврска општината, во постапката за донесување на ДУП, да донесе одлука за спроведување или одлука за неспроведување на стратегиска оцена за влијание на животната средина во која се образложени причините за спроведувањето, односно неспрове-дувањето на стратегиската оцена.

„Притоа, органот што го подготвува планскиот документ е должен, согласно член 65 од Законот за животната средина, на што упатуваат и одредбите од Законот за просторно и урбанистичко планирање, на својата веб-страница да ја објави наведената одлука, заедно со соодветните формулари, од кој датум тече рокот за запознавање на јавноста со одлуката и можноста за поднесување на жалба на истата.

Во конкретниот случај, Советот на Општина Карпош во одговорот на наводите во иницијативата доставен до Уставниот суд под бр.09-4199/10 од 10.07.2019 година појаснува дека на веб страницата на Општината не била објавена Одлуката за неспроведување на стратегиската оцена којашто требало да претходи на оспорениот детален урбанистички план, што се потврдува со приложен принт скрин од огласната табла од веб-страницата со критичниот датум.

Тргнувајќи од фактот дека објавувањето на одлуката за спроведување или за неспроведување на стратегиска процена на веб- страната на општината е законски пропишана обврска при донесување на детален урбанистички план и дека против ваквата одлука јавноста има право на жалба во рок од 15 дена од денот на нејзиното објавување на веб-страницата на органот којшто го подготвува планскиот документ, произлегува дека објавувањето на одлуката за спроведување, односно неспроведување на стратегиска процена на веб-страната на општината е дел од законски пропишаната постапка за донесување на детален урбанистички план, од кој зависи информирањето на јавноста и остварувањето на правото на правна заштита во областа на заштитата и унапредувањето на животната средина.

Оттука, необјавувањето на одлуката на начин и постапка пропишани со Законот за животна средина, значи дека не е во целост запазена постапката за донесување на деталниот урбанистички план предвидена со Законот за просторно и урбанистичко планирање, што води кон повреда на начелото на владеењето на правото, како темелна вредност на уставниот поредок на Република Македонија, поради што Судот оцени дека оспорената одлука не е во согласност со член 8 став 1 алинеи 3 и 10 од Уставот на Република Македонија, со член0т 15-в од Законот за просторно и урбанистичко планирање и со членот 65 од Законот за животната средина“, се вели во одлуката на судот.

Повеќе детали ТУКА.

Фото: Уставен суд

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Обезбедени првични 80 милиони денари за спасување на Преспанско Езеро

Редакција

44-годишен радовишанец загина во сообраќајка на експресниот пат Штип-Радовиш

Редакција

Во базенот во Битола се удави 22-годишно момче од Шпанија

Редакција