еМагазин
Image default
Македонија

Уставниот суд в среда ќе ја разгледа иницијативата за Законот за амнестија

Уставниот суд в среда на седница ќе ја разгледува иницијативата за уставноста и законитоста на членот 1 и членот 2 од Законот за амнестија.

Со иницијативата се бара да се разгледа уставноста и законитоста на овие два члена од Законот за амнестија врз основа на кои беа амнестирани лица инволвирани во насилството во Собранието на 27 април 2017 година.

Меѓу амнестираните за „крвавиот четврток“ беа и петмината пратеници Крсто Мукоски, Сашо Василески, Јохан Тарчуловски, Љупчо Димовски и Љубен Арнаудов, кои беа обвинети дека ги отвориле вратите и ги насочувале лицата со фантомки и другите граѓани кон пленарната сала и кон прес-центарот во Собранието на 27 април.

Меѓу амнестираните беа и водачите на протестите на „За заедничка Македонија“, Богдан Илиевски, Владо Јовановски и Борис Дамовски, кои беа обвинети дека со своите говори ги повикале граѓаните да влезат во законодавниот дом.

Судот во Скопје изрече казна во времетраење од вкупно 211 години на 16 обвинетите за упадот во Собранието на 27 април 2017 години за загрозување на уставниот поредок и безбедноста.

Највисока казна од 18 години затвор доби поранешниот директор на Бирото за јавна безбедност, Митко Чавков, а останатите добија од осум до 15 години затвор.

Ослободителна пресуда за „27 април“ доби оперскиот пејач Игор Дурловски.

МИА/Фото: Уставен суд

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

На Уставен суд после три години му „текнало“ да расправа за укинатото помилување

Помилувањето ги засени хонорарите: „СЈО е мртво, да живее Уставен!“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Галерија) „Оставка на Заев, слобода на народот“: ВМРО-ДПМНЕ протестираше во седум градови

Редакција

На штипјанец му „прегорел“ телефонот зошто носи исто име со лице кое не сакало да соработува со епидемиолозите

Редакција

Заев потврди дека на пописот ќе има графа за етничка припадност

Редакција