еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Уставните амандмани нема да бидат разгледувани на денешната владина седница

Уставните амандмани нема да бидат разгледани на денешната владина седница, потврди денеска премиерот Димитар Ковачевски, иако вчера министерот за правда Кренар Лога во изјава за медиумите рече дека најверојатно денеска Владата ќе биде ја разгледа Предлог-иницијативата за уставни измени.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Предлогот за уставните измени денеска на владина седница, ставовите на власта и опозицијата остануваат непроменети

– Кога ќе ги средат службите и кога ќе дојдат на дневен ред, тогаш ќе ве информираме, изјави Ковачевски одговарајќи на новинарско прашање по настанот организиран по повод 70-годишниот јубилеј на Институтот за македонски јазик.

Ковачевски негираше дека се врши притисок врз пратеници од опозицијата за да се усвојат уставните измени.

– Тоа ниту се случило, ниту се случува, ниту пак ќе се случи. Бевте сведоци на гласањето на „францускиот“ предлог минатата година кога пратениците од мојата политичка партија беа слободни да гласаат како што сметаат дека треба да гласаат и предлогот беше донесен со 68 гласа „за“ и без ниту еден глас „против“, бидејќи оние што беа „против“ не влегоа да гласаат, туку излегоа надвор.

ВМРО-ДПМНЕ не гласаше „против“, тие зборуваат против и потоа бегаат надвор за да не им замери некој од странство, бидејќи реторката што ја имаат во јавноста и кај странските претставништва е тотално различна, рече Ковачевски.

Останува на ставот дека платформата за заеднички разговор договорен на лидерската средба е добра основа да се направат следните чекори.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во новиот бугарски Парламент влегуваат шест партии, води Борисов

Редакција

„Да можевме сами дома да се средиме, немаше да бараме членство во ЕУ“: Твитер за „студениот„ туш од Меркел и Макрон

Редакција

Стојанче Ангелов: Да не се вознемируваат децата и сопругата на Груевски

Редакција