еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Утре дожд и снег, од понеделник температури до 19 степени

Врнежи од дожд, а на планините од снег под влијание на влажен бран ќе има утре, а од крајот на викендот ќе има пораст на температурите и ќе достигнат до 19 степени.

– Врнежите ќе бидат пообилни утре попладне. Во вечерните часови врнежите ќе преминуваат во снег и на некои повисоки места. Преку ноќта и во сабота ќе дува умерен до засилен северен ветер. Од недела дневните температури ќе бидат во пораст, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Времето денеска ќе биде сончево со температура од 9 до 16 степени, утре минималните ќе бидат од -1 до шест, а дневните од 3 до 12 степени.

В сабота и в недела максималните температури ќе бидат до 13 односно 15 степени по што на почетокот на следната недела ќе се искачат до 19 степени.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во Македонија „протнати“ генетски модифициран ориз и соини шницли

Редакција

Агенцијата „Декра Арбеит“ го доби тендерот на општина Куманово за привремени вработувања „тежок“ 82.000 евра

Никола Осило

Општина Кавадарци вработува 16 лица, плата до 37.631 денари

Редакција