еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Утре ќе биде разрешен директорот Ангелов: „Дрисла“ се врати во владение на Град Скопје

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов на денешната прес-конференција соопшти дека депонијата „Дрисла“ е вратена во системот на Град Скопје.

“Со ова решение од Централен регистар денеска и официјално завршува деветгодишната авантура на ВМРО-ДПМНЕ со која овој моќен градски капацитет беше даден на користење на несоодветни т.н. партнери на градот.

Во периодот што следува, за исправноста на работењето на депонијата „Дрисла“ ќе одговара Град Скопје и јас лично како Ваш градоначалник.

Создадени се услови во текот на утрешниот ден да биде разрешен сегашниот директор на „Дрисла“, Горан Ангелов и именување на нов в.д. директор, а по седницата на Советот на Град Скопје закажана за 29 јануари, да бидат избрани управен и надзорен одбор на сега веќе градското јавно претпријатие за управување со комунален отпад“, рече Шилегов.

Тој додаде дека по завршувањето на оваа постапка ќе ги повика сите надлежни институции и заинтересирани граѓански здруженија и асоцијации, сите заинтересирани граѓани поединци да помогнат заеднички да се направи анализа на досегашното работење на депонијата и заеднички да ја утврдат фактичката состојба во овој сега веќе градски капацитет.

“Ќе повторам, Град Скопје и јас лично како градоначалник сме гарантот за исправноста на целосното идно работење на „Дрисла“. Жал ми е што заради некомпетентност и базично незнаење демонстрирано од претходната владејачка гарнитура неповратно изгубивме цели девет години.

Во периодот што следува прва грижа на Градот ќе биде „Дрисла“ да стане прва санитарна депонија која ќе применува современи технологии за управување со отпадот и целокупниот нејзин економски потенцијал ќе биде ставен исклучиво во служба на граѓаните“, рече Шилегов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Движењето за чист воздух“ реагира по информацијата дека нема докази за незаконско работење на Дрисла

Јавно обвинителство: Нема докази дека „Дрисла“ го загадува воздухот со незаконско согорување отпад

Фото: Град Скопје

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пратеници од СДСМ и Партијата на пензионерите не гласаа за дневниот ред за седницата за уставните измени

Редакција

„Арбеит Де“ го доби тендерот за привремени вработувања на општина Кисела Вода

Редакција

Ќе извлече ли поука Македонија од големата трагедија во Грција