еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Утре, гратис кафе во Coffеe Lab

Кафулето „Coffeе Lab“ од Штип утре ќе служи бесплатно кафе, односно секое еспресо и макијато е гратис во текот на целиот ден, а вие за возврат оставете колку сакате и можете во кутијата за донации. Целиот профит утре, заедно со парите од кутијата за донации ќе биде дониран на дете кое му се потребни за лечење.

„Пријатели пред точно две години на 7 септември 2016 со Боки Пандев креиравме една кафе лабораторија која имаше јасна визија да помести некои угостителски стереотипи во Штип. Успеавме. Успеавме со добар тим, посветеност, макотрпна работа да го одржиме зборот и да не се откажуваме дури и кога системот, па и средината не потиснуваа.

По тој повод утре ве канам сите на гратис кафе, секое еспресо и макијато е гратис во текот на целиот ден, а вие за возврат оставете колку сакате и можете во кутијата за донации. Воедно сакам да ве известам дека целиот профит остварен во текот на утрешниот ден, заедно со парите од кутијата за донации ќе биде дониран на дете кое му се потребни за лечење (по случаен избор од страната за донации). Повелете, забавувајте се и да помогнеме таму каде што сме потребни сите заедно“, вели еден од сопствениците Љубан Стаменик.

фото: Фејсбук профил на Coffee Lab

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Одлична дневна журка во Coffee Lab во Штип

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

83-годишниот маж од Драчево пронајден е на Водно жив и здрав

Редакција

30 ноември – МЕГАден за МЕГАсреќа и „99 МЕГАСТАРС“ освежување убави музички спомени

Редакција

(Галерија) Првата генерација на студенти на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје ги „фрли“ капите

Редакција