еМагазин
Image default
Македонија

Утре ветер до 80 километри на час, преодно стабилизирање од четврток

Променливо облачно време, со ветер што наместа ќе достигнува 80 километри на час, со локален слаб снег ќе има и утре во земјава, информирааат од УХМР.

Преодно стабилизирање ќе има во четврток, а во петок повторно ќе има слаби локални врнежи од снег.

За викендот ќе преовладува претежно сончево и потполно време.

Умерен до засилен ветер од северозападен правец ќе има и попладнево кој вдолж Повардарието ќе достигнува до 70 километри на час.

Утре минималната температура ќе се спушти до минус седум во Маврово, каде ќе остане во негатива и максималната ќе биде минус пет степени.

Во Скопје минималната температура ќе се спушти до минус еден, а највисока ќе биде во Гевгелија до два степени. Максималната температура ќе се движи од минус пет до седум степени.

Најстудено ќе биде во четврток кога утринската температура ќе биде секаде под нулата и ќе се движи од минус девет и минус два.

Во петок ќе биде од минус шест до два, во сабота од минус осум до еден, во недела, исто така утринската секаде ќе биде под нулата во интервал од минус седум до минус еден и од минус четири до плус три.

Дневната ќе се движи во четврток од два до девет степени, од еден до осум, сабота од четири до 11 степени, во недела од седум до 14 и во понеделник од осум до 15 степени.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Заев гласаше со сопругата Зорица и синот Душко

Редакција

ДПА ја напушти лидерската средба за одржувањето на изборите, одлуките биле однапред донесени

Редакција

Бранко Героски добивал опомени и закани оти ја критикувал власта: Перото не ви го давам, на тоа да не се надевате!

Редакција