Најавата на УЈП за увид во банкарските сметки и денеска е топ-тема на Твитер.
Освен што на социјалните мрежи има полемика за увидот на УЈП во банкарските сметки од страна на стручни лица, оваа мерка служи и за подбив од страна на граѓаните.
Ви пренесуваме дел од твитовите:
Лето 2021, шалтер на УЈП:
– Добар ден, да Ве прашам нешт…
– Ооо, добар ден, господине. Како си поминавте на одмор Калитеа, добар хотел сте одбрале… Овојпат жената не ве натера во Космос, па само во Икеа, а? Хехе, добро, гледам и до ЛИДЛ сте наминале…— Острогон (@poliedar) August 13, 2018
државната институција што по партиска наредба правеше повеќемесечни инспекции во невладин сектор за да ги заплаши и да ја парализира нивна работа ќе се однесувала професионално со пристапот до сметките на сите граѓани. лол.
— elverdaderopesimista (@therealpsmst) August 12, 2018
Со укинувањето на тајноста на банкарските сметки, во секој момент ќе можеме да дознаеме кој колку пари има во банка… Сите ние си имаме по некое пријателче, другарче во УЈП кое ќе сподели некој податок со нас а ние со јавноста.
Затоа сите парите под перница… 😁— Перица Ѓукиќ (@prgaviot) August 11, 2018
Одговорно тврдам дека "автоматската" ГДП и увидот на УЈП во банкарските сметки на граѓаните е singlehandedly најглупавата реформа ever.
— Sveste tese (@sveste_tese) August 12, 2018
Туку не ви било гајле што вработените по банки имаат пристап до вашите сметки?
— Битолчанка (@Blt0lcanka) August 13, 2018
Сериозна бројка е приливот што го остваруваат ИТ дечките и девојките од МК работејќи фриленс за странство. И за тоа си плаќаат уредно данок и си поднесуваат годишна пријава.
Што сака факин УЈП? Да им наплати уште повише данок? Да ги натера и тие деца да киднат од овде?!
Копуци…— Домаќин Чоек СеверинсЌи (@WedFcv100) August 11, 2018
Македонски парадокс
1. Сакам реформи
2. Се предлага реформа често пати несмасно
3. Ама таа институција нема капацитет да спроведе
4. Цела држава нема капацитетОди на 1.
Не знам како не го гледаме проблемот во ова размислување. Со оваков мајндсет навистина нема влез во ЕУ.
— Jovan P. (@jp_wanderer) August 12, 2018
Тајноста на банкарските сметки е загарантирана. Ниедна држава нема да си дозволи да ѕирка во сметките на граѓаните, од проста причина што тоа драстично ќе ги намали девизните резерви од штедни влогови..
Влажните сништа на очајните политичари се само тоа – сништа— mindрluмbеr (@mindplumber) August 11, 2018
Како за сиромашни, многу се потресовте за увидот на ујп во сметките.
*мислам дека еднаш го имам пишано ова 🤔— Пердуф (@pikabu00) August 11, 2018
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
- Многу прашалници висат во воздух во врска со увидот на УЈП во банкарските сметки
- Граѓаните негодуваат што УЈП ќе има увид во банкарските сметки, директорката објаснува што тоа значи
- УЈП ќе добива податоци од банките за граѓаните за пополнување на годишната даночна пријава