еМагазин
Image default
Македонија

В недела почнува зимското сметање на времето

В недела на 28 октомври во 3:00 часот изутрина завршува летното сметање на времето и започнува зимското, при што со поместување на часовникот за еден час наназад времето во 3:00 часот ќе се смета како 2:00 часот, информира Бирото за метеорологија.

-Часот кој поради поместување на стрелките за еден час наназад се појавува два пати помеѓу 2:00 и 3:00 часот се означува – првиот пат како час 2А, а вториот пат како час 2Б, соопшти Бирото за метрологија.

Одлуката за денот и моментот на завршувањето на летното сметање на времето во 2018 година е објавена во Службен весник на Република Македонија број 52 од 22 март 2018 година.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: 422 оздравени од корона вирусот, најмногу од Скопје и Штип

Редакција

Чие е опожареното возило кое го користел Артан Груби

Редакција

(ВИДЕО) „Жива е Македонија“: Новите табли на спомениците од античкиот период обоени со спреј

Редакција