еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Филипче уверува во ефикасноста на вакцината „Синовак“: Одобрена е од Светска здравствена организација

Министерот за здравство Венко Филипче на својот Фејсбук профил објави дека вакцината „Синовак“ е ефикасна, безбедна за користење и одобрена од Светската здравствена организација (СЗО).

– Еве ги официјалните карактеристики на вакцината Синовак објавени од СЗО – Инкативиран САРС-Ков2 вирус, потребни се две дози, втората доза од 14-28 дена по првата доза, високо ефикасна за превенција на тешка болест, се дава мускулно во рамо, препорачана за употреба кај бремени жени кога придобивките од вакцинацијата за бремената жена се поголеми од потенцијалните ризици.

Препорачана за употреба кај доилки како и кај други возрасни лица, се вели во Фејсбук статусот на министерот Филипче.

Вакцината „Синовак“ утре треба да пристигне во 500.000 дози.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во светот над три милиони луѓе починале од последици од Ковид-19

Редакција

Државата продаде дел од имотот на Мијалков, ќе се продадат ли и неговите акции

Редакција

Корона вирусот се врати во Дебар, нов случај по педесетина дена

Редакција