еМагазин
Image default
Македонија

Вакцините со погрешни декларации се уште не се уништени

Постапувајќи по наредбата издадена од Основното јавно обвинителство Скопје, Министерството за внатрешни работи го извести надлежниот јавен обвинител дека во простории во правното лице „Македонија лек“ биле пронајдени МРП вакцините со погрешни декларации и дека тие се уште не се уништени.

„Надлежниот јавен обвинител веднаш издаде Наредба за обезбедување на вакцините за потребите на евентуална идна постапка. Вакцините ќе бидат попишани и обезбедени, а ќе останат во просториите на „Македонија лек“, бидејќи таму има соодветни услови за нивно чување. Проверките во предметот отворен по допрен глас продолжуваат до целосно утврдување на фактичката состојба“, се вели во соопштението на Обвинителство.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Одложен стартот на судењето за Максим Димитриевски поради нови докази

Редакција

Георгиевски се пофали дека прв ја предложил додавката Северна

Редакција

Ахмети дава исказ пред хашките истражители во Приштина, не во Хаг

Редакција