еМагазин
Image default
Македонија

Ванхојте се јави за случајот „Рекет“: Дали Катица Јанева допре до луѓе кои веруваа дека се над законот?

Белгискиот експерт Питер Ванхојте, кој беше ангажиран во процесот на преговори за Договорот од Пржино, излезе со реакција за случајот на Јавното обвинителство „Рекет“. Тој вели дека што и да се случило во Канцеларијата на специјалниот јавен обвинител, важно е да се запрат сите шпекулации и да им се дозволи на обвинителите да ја вршат својата работа.

Ванхојте повикува дека доколку се утврди дека имало злоупотреба на моќта, луѓето што биле вмешани во тоа, треба да се осудат, но најпрвин да се запрат шпекулациите.

„Анализирајќи го она што се случува, моето прво прашање е: зошто ова наеднаш излегува на површината? Кој стои зад тоа? Дали Катица Јанева допре до некои луѓе кои веруваа дека се недопирливи и се над законот? Како одговор на ова „во чиј интерес е ова да се случува“, можев да обезбедам долга листа имиња, но тоа нема да и помогне на земјата да тргне напред“, вели Ванхојте.

Тој оценува дека една работа е јасна, а тоа е дека политичарите повторно ја збркаа работата и наместо да гарантираат непристрасно и независно судство, политичарите од сите партии продолжија со нивните лични борби и заборавија, како што рече, на правилната имплентација на основните демократски принципи, како што е поделба на моќта и потребата од независно судство.

„Тоа докажува дека има уште многу пат да се изоди. Можам само да се надевам дека граѓанското општество повторно ќе се разбуди и ќе бара да бидат почитувани демократските вредности, дури и од страна на политичарите. И најпосле, што и да се случи, истрагите со прислушуваните разговори мора да продолжат. Тоа е товар од минатото, но никој не треба да заборави што се случи, и оние кои беа вклучени во тоа, вклучувајќи го и Груевски, се соодветно судени и на крајот и осудени.

И ЕУ и Орбан треба да бидат свесни дека никој не може да даде азил на ваква личност, и во исто време да бара од Северна Македонија да го почитува владеењето на правото. Затоа и ова треба да се исправи!“, вели Ванхојте.

МИА/Фото:СЈО

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Ем само Катица потпишува, ем СЈО не е само Катица. Не иде така другари„: Твитер реакции за Јанева и СЈО

Русковска: Обезбедените видеа и аудио снимки се само за двајцата осомничени во „Рекет“, оставката на Катица во лош тајминг

На Катица и е одземен мобилниот за да се провери поврзаност со Боки13

„Боки го уапсиле, Катица оставка, Заев вика на лидерска, Кочан не сака у затвор…;“: Твитер „поцрвене“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пендаровски-Санчез: Шпанија останува важен партнер на Македонија на патот кон ЕУ

Редакција

Протест пред Собранието за уставните измени

Редакција

По тужбата на Фрчкоски: Судот донесе времена забрана за продажба на книгата на Андов „До атентатот и по него“

Редакција