еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Вардар победува кога нема скршен денар: Бизнисмените и државата се на ред да застанат зад клубот

Ракометниот клуб Вардар постигнува одлични резултати во време кога се наоѓа во голема финансиска криза.

На 12. април, клубот преку Македонска берза објави дека во текот на минатата година остварил загуба од 74 милиони денари или околу 1,2 милиони евра. Вкупните приходи лани биле 307 милиони денари или околу 4,9 милиони евра.

Првиот човек на клубот, Сергеј Самсоненко, кој славеше во први редови за победата на ракометарите синоќа, на 19. април објави дека се повлекува од клубот.

Тој седум години раководеше и го финансираше Вардар и како што објасни, веќе третата година  лично се бори од ден за ден за издржување на клубот, со постојано задолжување и земање на кредити.

„Приходот кој ракометниот клуб го има од страна на Европската Ракометна федерација и од спонзори изминативе години не е ни 10% од буџетот кој јас го давам годишно. Добив премногу ветувања дека за кратко ќе добијам помош за ракометот, но еве веќе како што напоменав измина и седмата година и таа помош ја нема. Ова е причината поради која јас од следната сезона не сум во можност да продолжам со финансирањето на ракометниот клуб Вардар“, образложи Самсоненко.

Тој тогаш ги повика македонските бизнисмени да го помогнат финансиски ракометниот клуб.

Неофицијално, веќе има заинтересирани бизнисмени кои сакаат да помогнат и доколку тоа се случи, Самсоненко можеби ќе остане во РК Вардар. Судбината на клубот ќе се знае следниот период.

Вардар како клуб, заслужува и помош од државата, имајќи предвид дека се знае, кои се најголемите амбасадори на Македонија во светот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Самсоненко заминува од РК Вардар: Приходот на клубот не е ни 10 проценти од она што го давам

Ракометниот клуб Вардар во загуба од 1,2 милиони евра

БРАВО: Вардар ја победи Барселона и влезе во финале на Лига на шампиони

(Видео) Погледнете ја реакцијата на ракометарите на Вардар после победата

(Видео) Српските коментатори „полудеа“ за победата на Вардар

„Добивме датум за финалее“: Твитер реакции за победата на Вардар

Фото: РК Вардар/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Расправија за пат била причината за убиството на татко и син од Челопек

Редакција

(Фото) Патничките возови се дезинфицираат за заштита од коронавирус

Редакција

(Видео) Ни куршумите во воздух повеќе не ги плашат: Украинците продолжуваат со протест против Русите во окупираните делови

Редакција