Варијантата на омикрон – “стелт“ останува доминантна во Македонија, покажуваат податоците на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).
“Во Лабораторијата за вирусологија и молекуларна дијагностика при ИЈЗ, во текот на изминатата недела, е изведен PCR тестот базиран на Single Nucleotide polymorphism со користење на Vir SNiP SARS CoV 2 Spike S371L S373P за детекција на SARS CoV-2 кај 92 позитивни примероци на SARS-CoV-2 од болнички и примероци од пунктовите.
Позитивните примероците се одбрани од тестираните позитивни во период од 28.03-02.04.2022 година, од следните градови: Скопје, Кавадарци, Тетово, Велес, Охрид и Гевгелија.
Во 6 (6,5%) од испитуваните примероци е докажана BA.1 сублинијата на Омикрон.
Во 86 (93,5%) од испитуваните примероци е докажана BA.2 сублинијата на Омикрон – позната уште и како „stealth““, стои во извештајот на ИЈЗ, кој еМагазин редовно го пренесува.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кои се најчестите симптоми на подваријанта на омикрон, „стелт“, регистрирана и во Македонија
Расте бројот на реинфекции со Ковид-19, минатата недела регистрирани 272
Пад од 45,5%: Минатата недела 12 смртни случаи од Ковид-19
Фото: МЗ