еМагазин
Image default
Македонија

Васо Ристов нов директор на МОБ

Професорот и продекан на Факултетот за музичка уметност во Скопје Васо Ристов е избран за генерален директор на Македонската опера и балет (МОБ) – Скопје.

Ристов е истакнат уметник кој зад себе има богата меѓународна професионална кариера. Дипломирал на ФМУ во Скопје, а магистерските студии завршил на музичката академија „Панчо Владигеров“ во Софија по што специјализирал на ФМУ во Прага, Република Чешка.

Има долгогодишно искуство во менаџирање оперска и балетска уметност, музичко сценски изведби, музички настани и натпревари. Тој е и педагог со 33 години стаж во сценско-музичката дејност во Македонија, од 1998 година до денес, и во развивање кадри за музичката култура во земјата и надвор од неа. Од 1986 до 2010 е вработен во МОБ како прв трубач-солист, потоа уметнички директор на Операта (2005 – 2006).

Продекан е за настава на ФМУ Скопје Универзитет „Св. Кирил и Методиј” (2016 до денес). Организира настава, испити, концерти и натпревари за млади музичари и актуелен музички селектор на фестивалот Охридско лето 2018, член е на Здружението на музичко балетски педагози, претседател е на Асоцијацијата на дувачки оркестри во Македонија и член на Асоцијацијата за југоисточна Европа за дувачки оркестри.

Ристов бил професор на пет универзитети во Македонија и надвор од неа: Факултет за музичка уметност, Скопје, Државен Универзитет Тетово, Универзитет Гоце Делчев – Штип, Универзитет во Приштина и Факултетот за уметност во Митровица.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во Германија уапсен Јетон Љужа, третоосомничен за убиството на Никола Саздовски – Саздо

Редакција

Пребројани 400.000 гласачки ливчиња: Пендаровски води пред Силјановска Давковка, разликата се стеснува

Редакција

МВР на Република Српска уапси 8 лица за интернет измами на повеќе оштетени лица од Македонија

Редакција