еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Важна вест за граѓаните кои ќе патуваат во Бугарија: Вињетите ќе се купуваат електронски

За помалку од 24 часа од почетокот на продажбата на електронските налепници за патарина во Бугарија, денеска до пладне биле продадени околу 300 такви вињети, јавуваат бугарските медиуми, а пренесува „Мета.мк“.

Бугарија ќе ги исфрли класичните вињети-налепници и воведува електронски, кои ќе бидат на сила од 1 јануари следната година. Цените на постоечките остануваат исти, а новост што ќе ги интересира и македонските граѓани, со оглед на фактот дека голем дел патуваат за викенд во блиските зимски центри како Банско и Боровец, е воведувањето на викенд-вињета.

Со новиот систем со кој веќе нема потреба од лепење налепници на ветробранското стакло, туку електронски да се регистрира автомобилот според регистерската табличка, контролата за тоа кој платил за користење на патиштата ќе се одвива исто така електронски.

Камери на патиштата и мобилни полициски екипи со камери ќе ги фотографиираат возилата и ќе ги внесуваат во системот. Ако се утврди дека некое фотографирано возило не платило за вињета, односно патарина, ќе биде сопрено од следната патрола на сообраќајната полиција или од полицијата во местото каде престојува или од полицијата или цариниците на граничен премин.

Целата постапка може да се направи преку соодветното веб-место, каде може да платите електронска вињета сега, а да ја активирате подоцна. Плаќањето е со дебитни или со кредитни картички. За постапката може да се информирате на осум јазици, меѓу кои се и српскиот и турскиот.

Исто така, на овој сајт или преку соодветната мобилна апликација, може постоечките хартиени вињети бесплатно да се претворат во електронски. Но нема да се казнуваат возилата со важечки вињети-налепници кои не се претворени во електронски се до истекот на важноста на обичната вињата.

За да биде корисникот сигурен дека нема да има проблеми, треба да ги чува електронските писма со кои му се потврдува дека платил за вињетата.

Електронскиот систем овозможува да се купат електронски вињети и преку веб-местото и преку терминали во некои трговски центри како и во сите центри на Агенцијата за патишта на Бугарија. Терминалите се на осум јазици.

Цените се како и досегашните – за еден месец за автомобил и друго возило до 3,5 тони тежина се плаќа 30 лева, за една седмица 15 лева, а за цела година 97 лева.

Новост е викенд-вињетата, која ќе биде од најголем интерес на Македонците. Таа важи од пладне во петок до полноќ во недела и чини 10 лева.

Електронски вињети се воведуваат и за сите други возила, но тие ќе имаат различна цена. За товарните возила електронските вињети ќе важат до јули следната година, кога за нив ќе се воведе електронска наплата на патарина.

Мета

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Русија тврди дека поседува докази за вмешаност на Пентагон во финансисрање воено-биолошки проекти во Украина

Редакција

Билјана Ивановска избрана за претседател на Антикорупциска, кои се другите нови членови

Редакција

Меморандумите со Скопје ќе бидат ратификувани кога тоа ќе го дозволат националниот интерес и програмата на Парламентот на Грција, вели Дендиас

Редакција