еМагазин
Image default
Бизнис

Важно известување за патниците на „Виз ер“ од Меѓународниот аеродром Скопје

Поради оперативни причини шалтерите за регистрација се затвораат точно 60 минути пред времето на полетување на летот до/од Меѓународниот Аеродром Скопје, информираа од аеродромот на нивниот фејсбук-профил.

„Поради тоа, Ве молиме планирајте да пристигнете на Аеродромот соодветно, за да имате доволно време за регистрација и/или за пријавување на багажот. По регистрацијата, веднаш продолжете кон пунктовите за безбедносна проверка. На Портите (Gates) задолжително е да сте присутни и подготвени за влегување во авион не подоцна од 30 минути пред закажаното време на полетување.

Со цел поефикасна проверка, на Портите (Gates) бидете сигурни дека патната исправа Ви е подготвена за да ја приложите.

Ве молиме имајте предвид дека Wizz Air има строга политика во однос на дозволениот рачен багаж. Не можеме да гарантираме дека сите парчиња рачен багаж ќе бидат сместени во патничката кабина на авионот. Кога ќе се достигне максималниот број на парчиња багаж во кабината на авионот, заради Ваша удобност и со цел авионот навреме да полета, Вашиот багаж може да биде сместен во одделот за багаж на авионот.

Доколку не се појавите навреме за влегување во авионот, Вашите пријавени парчиња багаж ќе бидат истоварени, а авионот ќе полета без вас“, се вели во соопштението.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„ЗСФ-КОМ“ на Фатмир Етеми повторно ја зголеми сопственоста во „Скопски пазар“

Никола Осило

Во блок-трансакција продадени 1.000 акции од Комерцијална банка

Никола Осило

Охрид СОС алармира: Јавноста не е запознаена со новиот предлог-закон за легализација на дивоградби

Редакција