еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Вељаноски: Ниту сум помислил, ниту сум кажал некому да ги отвори вратите од Собранието

Поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, кој денеска во Кривичниот суд сведочи за настаните од 27 април лани, негираше дека имал СМС-комуникација преку која давал наредби за случувањата од тој ден.

– Ниту сум помислил, ниту сум кажал некому да ги отвори вратите во Собранието, истакна Вељаноски, во одговор на прашање поставено од обвинениот Никола Митревски-Кољо.

Додаде дека не дал налог пратениците да ја отворат вратата и оти не знае дали некој друг дал таква наредба.

– Како претседавач, ми беше важно, согласно Деловникот да започне и да заврши седницата и да биде избран претседател, рече Вељаноски.

Според него, сегашниот претседател Талат Џафери е избран спротивно на собранискиот Деловник, бидејќи ја прекинал седницата и нејзиното продолжение било закажано за утредента во 11 часот.

Во сведочењето пред судот, посочи дека на тој ден ја прекинал собраниската седница во 18 часот по што се качил во неговиот Кабинет каде останал до крај. Одбил да биде евакуиран во специјална соба за евакуација.

Сведочеше дека околу 17:50 часот станало напнато во собраниската сала по што му испратил порака на Горан Ѓошевски – Леви, кој му бил лично обезбедување 9,5 години, да влезат заедно со началникот на внатрешното обезбедување на Собранието во собраниската сала и да ја смират состојбата доколку дојде до ескалирање.

Тогаш не знаел дека Ѓошевски не е во Собранието, бидејќи неговата мајка имала здравствени проблеми. Кога се качил во Кабинетот, со порака повторно го побарал Ѓошевски. Кога овој дошол, побарал од него, да седи и да го обезбедува пред Кабинетот.

Најголем дел од случувањата, според Вељаноски, се случувале пред Кабинетот каде на секои две минути се слушале шок бомби и имало обиди за насилно влегување. По околу еден час, Ѓошевски му рекол дека не можат да ги спречат демонстрантите, а во моментот кога Вељаноски излегол да ги праша што бараат, Ѓошевски паднал и останал без свест по што интервенирале екипи на Брзата помош.

МИА/Фото: Фејсбук/Вељаноски

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Адвокатката Николовска: Начинот на испитување на сведокот Вељаноски е надвор од законот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Судењето за “Титаник” продолжува на 17 мај

Редакција

ЕУ го одобри шестиот пакет санкции против Русија

Редакција

Истражување на Владата: 73% од граѓаните не го прележале корона вирусот, 51% планираат да се вакцинираат

Редакција