еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Веќе потрошени 120 милиони евра од планираниот годишен дефицит од 260 милиони евра

Потрошени се 7,4 милијарди денари (120,3 милиони евра) или речиси 43 отсто од планираниот дефицит за годинава во износ од околу 16 милијарди денари (260 милиони евра), но потрошените средства се соодветни на одговорот на кризата предивикана од корона вирусот, оцени денеска советникот на премиерот Фатмир Битиќи.

„Тоа е за речиси 25 отсто повеќе од потрошениот дефицит во овој период од минатата година. Лани во истиот квартал имавме 18 отсто потрошено од дефицитот или 3,2 милијарди денари што значи дека во овој квартал годинава се потрошени 4,2 милијарди денари повеќе.

Но, во март кога Македонија беше погодена од кризата со корона вирусот приходната страна на Буџетот беше намалена за 1,9 милијарди денари и имаше за околу пет отсто помалку приходи од планираните за целиот квартал“, рече Битиќи во одговор на прашање на прес-конференција во Владата.

Тоа, како што прецизира, се планирани расходи на другата страна и затоа, рече, е искористен соодветно за пополнување на дупката во приходната страна.

„Дополнително во првиот квартал од годинава имаме за 400 милиони денари повеќе реализирани капитални инвестиции наспроти првиот квартал од 2019 година, односно имаме 8,5 отсто реализација на капитални инвестиции или 2,3 отсто повеќе од првиот квартал лани.

Покрај тоа, имаме за 800 милиони денари повеќе платени субвенции годинава или за три отсто повеќе платени субвенции од лани“, посочи Битиќи.

Нагласи дека не е добро да се прави компарација на два квартала од различни години, кои, како што кажа, се неспоредливи.

„Со сите законски измени направени минатата година, во почетокот на годинава сите расхиоди креирани во Буџетот се законска обврска на Владата да се реализираат.

Во првиот квартал од 2020 година имаме зголемени плати во образованието, армијата, полицијата и во здравството. Замислете каква ќе беше реакцијата да имаше исти плати во овие сектори како лани кога најголемиот товар од пандемијата паѓа токму на овие четири сектори.

Покрај тоа, имаме зголемени пензии и социјални давачки и затоа велам дека се неспоредливи овие квартали и оти буџетскиот дефицит кој е направен во овој период е соодветен на одговорот на кризата и ќе продолжи да биде соодветно користен за товарот од кризата најмалку да падне на граѓаните“, потенцира Битиќи.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Влада: Уставниот суд спречува обезбедување околу 240 милиони денари во буџетот за справување со корона вирусот

Граѓаните можат доброволно повратот од „МојДДВ“ да го донираат во буџетот за справување со корона вирусот

Во март приходите во Буџетот намалени за 12,38%

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Починат маж најден во каналот „Студенчишта“ во Охрид

Редакција

Димитриос Плакоутсис нов потпретседател на Управниот одбор на Жито лукс

Редакција

Васко Ковачевски поднесе оставка од лични причини, на негово место доаѓа Васко Стефанов

Редакција