еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Вонредна прогноза: Вечерва пороен дожд со грмежи, град и ветар, утре посвежо и врнежи

УХМР за утре најавува облачно и значително посвежо време со засилен, повремено силен северен ветер. Ќе има и врнежи од дожд, особено претпладне, а во јужните делови локално ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи.

Од петок, пак, ќе преовладува стабилно време со умерен северен ветер, а во почетокот на наредната недела ќе има услови за локален дожд.

Според УХМР, денеска во вечерните и ноќните часови на повеќе места се очекува нестабилно време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има услови за невреме со ветер и град.

Максималната температура ќе биде од 25 до 31 степен. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Попис: Македонија има вкупно население од 2.097.319 лица од кои 54,21% Македонци и 29,52 Албанци

Редакција

Истрага „Пациент“ на СЈО: Меѓу осомничените и вицепремиерот Бујар Османи

Редакција

Бектеши се сретна со г.г. Стефан: Поддршка од верските заедници за да се поттикнат граѓаните да штедат струја

Редакција