еМагазин
Image default
Локално

Градскиот базен во Велес од идната среда ќе биде отворен за посетителите

Концесионерт кој од минатото лето го доби на управување Градскиот пливачки базен во Велес планира идната среда на 18 јуни да го отвори базенот за посетителите, а деновиве засилено ги изведува последните подготовки пред започнување на годинашната  летна сезона.

Како што информира за МИА концесионерот на Градскиот пливачки базен, Игор Петковски, првично ќе бидат отворени рестораните и кафе баровите околу самиот базен.

-Дали и самиот базен за капење ќе биде отворен во среда или некој ден подоцна ќе зависи од препораките од Владата и надлежните институции, кои ги очекуваме во следните денови, изјави Петковски.

Тој појасни дека за создавање на подобри услови за беспрекорна работа на Градскиот пливачки базен комплетно се заменети старите со нови пумпи за филтрирање на вода за базенот, а поставени се и комплет нови вентили и обновен е цевководот. Воедно претходно веќе ја зацврстија со нови метални елементи и дотраената конструкција на базенот, што ја осигурува безбедноста за сите посетители.

За поголема безбедност на посетителите околу базенот веќе е извршено целосно бетонирање на пешачката зона за капачите и посетителите на површина од 900 квадратни метри. Пешачката зона е обоена со бела боја.

Тој информира дека претстојниот викенд базенот во внатрешноста ќе биде офарбан со сина боја по што пробно ќе се наполни со чиста вода.

Петковски најави дека планираат да издаваат и сезонска карта која за цело лето би чинела 800 денари, додека месечната ќе чини 500, а дневната 80 денари.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МВР ја пронајде 14-годишната Ринеса, по која се трагаше три дена

Редакција

Крвава тепачка со нож во Скопје

Редакција

Истрагата е на највисоко ниво, велат од МВР за исчезнатата малолетничка

Редакција