еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Велик Четврток: Верниците утринава бојадисуваа јајца

Утринава пред изгрејсонце домаќинките бојадисуваа јајца, традиција востановена со векови во чест на Христовото Воскресение.

Се верува дека првото бојадисано јајце не се расипува во текот на годината и има исцелителна моќ.

Со него, мајките ги галат лиценцата на децата и им велат црвено-бело-дебело, за да бидат здрави.

Црвената боја е симболот на крвта на Исус Христос, а јајцата, камењата по која таа се разлеала кога тој беше распнат.

Иако традицијата налага само црвена боја на јајцата, сепак денес има безброј идеи на пазарот како тие да изгледаат повесело, шарено и во различни други бои. Првото велигденско јајце во црква се носи в петок.

Овие три дена се строг пост за верниците, и храната се консумира без масло.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Почнуваат велигденските празнувања: Денес се слави одржувањето на Тајната вечера

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) И пратениците порачуваат: Не суди, кој кого љуби

Редакција

Совети како да се подготвите за периодот по летниот одмор: Заврши летото, време е за акција!

Редакција

УХМР: Во петок и сабота зголемена облачност со услови за локален дожд

Редакција