еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Веро се вклучи во иницијативата „Купувам домашно“

Веро активно се вклучи во поддршка на иницијативата на Владата „Купувам домашно“ насочена кон промовирање и заштита на домашните производи. За таа цел, Веро во следните неколку недели организира дополнителна промоција и понуди на домашни производи во своите маркети за уште повеќе да ги доближи до потрошувачите и да им помогне на домашните производители полесно да го надминат овој тежок период.

Домашните производи на полиците во Веро маркетите ќе бидат видливо обележани и полесно видливи за потрошувачите. Дополнително, главниот фокус на промотивните понуди на Веро во следниот период ќе биде токму врз овие производи со цел тие да станат подостапни за граѓаните.

Како компанија која повеќе од 20 години е присутна на македонскиот пазар, Веро ја темели својата понуда врз домашните производи и долгорочната соработка со локалните производители. Компанијата интензивно соработува со над 800 домашни компании – добавувачи, чии производи сочинуваат околу 90% од понудата во Веро маркетите. Голем дел од овие компании соработуваат ексклузивно со Веро две децении, период во кој го развиваат својот бизнис со целосна поддршка и сигурен пласман на нивните производи.

– Максимално ја поддржуваме акцијата „Купувам домашно“ бидејќи сметаме дека тоа е еден од најефикасните начини да ѝ помогнеме на домашната економија во овој кризен период кога и населението и компаниите се соочуваат со финансиски проблеми. Со обележувањето и промовирањето на домашните производи меѓу потрошувачите овозможуваме нивна поголема видливост, а со нивното купување ги поддржуваме локалните бизниси, придонесуваме за отворање нови работни места и зачувување на постојните. Македонија може да се пофали со голем број производи и брендови со одличен квалитет на ниво на европскиот и светскиот пазар, а во некои категории и со квалитет над нив. Затоа ние сме тука да им дадеме дополнителен стимул на овие производи за добар пласман и промоција пред потрошувачите – велат од менаџментот на Веро.

Граѓаните кои се корисници на домашна платежна картичка што ја издава Владата може да ја искористат за да пазаруваат од обележаните домашни производи во Веро маркетите. Веро ги повикува сите свои потрошувачи да ја поддржат оваа иницијатива, да купуваат домашни производи и со тоа да помогнат во одржувањето на стабилноста на домашната економија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) ТВ Сител: Борко Андреевски е првиот Mакедонец кој ја прими тест-вакцината против корона вирусот во Англија, и се чувствува добро

Редакција

Производите на компанијата „ФЕДОР“ на Саем во Доха

Редакција

В сабота за првпат инклузивна штафетна трка „Заедно до целта“

Редакција