еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Веро со ново работно време од 8 до 19 часот и со повластен термин за пазарување за ранливите категории од 8 до 9 часот

Согласно најновата мерка за ограничување на движењето на граѓаните што вчера ја донесе Владата, Веро воведува ново работно време од 8 до 19 часот секој ден.

Дополнително, Веро воведува и повластен термин во денот за пазарување во кој приоритет за влегување во маркетот и на каса ќе имаат пензионери, бремени жени, инвалидизирани лица, за да им овозможи поголема заштита на најранливите категории граѓани и да се избегне нивното изложување на поголем ризик.

– Безбедноста на потрошувачите и на нашите вработени е наш највисок приоритет. Вложуваме максимални напори сите потрошувачи да се чувствуваат добредојдени и безбедни во нашите маркети и сакаме да им овозможиме во секое време да се снабдат со сите неопходни производи за нивните потреби.

Воедно апелирам на совесност и разбирање од страна на помладите потрошувачи во наведениот термин да им дадат предност на ранливите категории потрошувачи на кои помошта и поддршката во овие моменти им е најпотребна, вели Петар Денковски, генерален директор на Веро.

И покрај скратеното работно време, Веро маркетите продолжуваат нормално да функционираат.

Во маркетите има доволно залихи од основните производи, а редовното снабдување се одвива без никаков застој во соработка со добавувачите.

Хигиенската превенција се одржува на највисоко ниво така што маркетите комплетно се чистат секојдневно, а во текот на денот постојано се дезинфицираат количките и корпите за пазарување, просторот кај касите, полиците и останатите најизложени делови од маркетите.

Веро обезбеди гелови за дезинфекција и заштитни ракавици за сите потрошувачи кои се поставени на влезовите, низ маркетите се поставени известувања за потрошувачите за поголема безбедност, а означени се и места за стоење на препорачаното безбедно растојание од 2 метра.

Менаџментот на Веро будно ги следи сите препораки, секојдневно соработува со надлежните државни институции и ги презема сите потребни мерки за да им излезе во пресрет на очекувањата на потрошувачите во новонастанатата кризна ситуација.

КОМЕРЦИЈАЛНА ОБЈАВА
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонец загина во сообраќајка во Малта, Почесниот конзулат на Малта ќе помогне за враќање на неговото тело во Македонија

Редакција

Откажани концерти и претстави поради националната трагедија

Редакција

Во Охридското Езеро се удави младиот ракометен голман Никола Даниловски-Џамбо

Редакција