еМагазин
Image default
Македонија

Верушевски бара 71 илјади евра од државата за 344. дена поминати неосновано во притвор

Поранешниот прв човек на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК) и актуелен советник на премиерот Зоран Заев, Зоран Верушевски за 344. дена поминати неосновано во притвор за случајот „Пуч“ бара отштета од државата по судски пат, пренесува порталот Сакам да кажам.

Верушевски бара вкупно 71.000 евра за секој ден поминат во притвор.

Поранешниот разузнавач беше притворен во 2015 година кога тогашната опозиција почна со објавување на т.н. бомби, најпрво за поседување на службен пиштол, а потоа и за велепредавство и шпиунажа во случајот „Пуч“.

За оружјето беше ослободен, а обвинението за „Пуч“ го повлече поранешната специјална обвинителка Катица Јанева.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Децата со пречки во развојот или со посебни потреби се ослободени од носење маски во училиште

Редакција

Објавен оглас за вработување на 300 професионални војници, платата над 31.000 денари

Редакција

Макфакс: Поранешната судијка Виолета Дума го советува Заев за 40 илјади денари

Редакција