еМагазин
Image default
Македонија

Верушевски бараше 71, доби 42 илјади евра отштета од држaвата поради случајот „Пуч“

Два милиони и 580 илјади денари (42.000 евра) ќе треба да му исплати државата на поранешниот разузнавач Зоран Верушевски, одлучи Основниот граѓански суд Скопје.

Судот донесе одлука со која тужбеното барање на тужителот е делумно усвоено. Со одлуката тужениот е задолжен на тужителот на име нематеријална штета за претпрени душевни болки на лични права – чест, углед и слобода, поради неосновано лишување од слобода – притвор да му исплати паричен надомест во износ од 2.580.000,00 денари (42.000 евра), со законска казнена камата сметано од денот на пресудувањето – 4.11.2019 година до исплатата.

Поголемото тужбено барање на тужителот за разликата од досудениот износ од 2.580.000 денари до побаруваниот износ од 4.104.000 денари се одбива како неосновано, велат за МИА од Основниот граѓански суд Скопје.

Поранешниот разузнавач и советник за безбедност на премиерот Зоран Заев, Зоран Верушевски во тужба пред Граѓанскиот суд бараше оштета од државата во висина од четири милиони и 104 илјади денари, односно околу 71.000 евра, за поминатите 344 дена во притвор за предметот „Пуч“ и за неовластено поседување на оружје.

Случајот „Пуч“ беше отворен во јануари 2015 година од претходната власт кога лидерот на СДСМ Зоран Заев почна да ги објавува „бомбите“

Во „Пуч“ осомничени „за насилство кон претставници на највисоките државни органи“, покрај Заев, беа и поранешниот разузнувач Зоран Верушевски, неговата сопруга Соња Верушевска, Бранко Палифров, вработен во Општина Струмица и Ѓорѓи Лазаревски поранешен вработен во МВР.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Верушевски бара 71 илјади евра од државата за 344. дена поминати неосновано во притвор

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Оливер Спасовски и Мила Царовска можни технички премиери

Редакција

Вкупно 4.772: Од Ковид-19 починаа 30 лица

Редакција

Нов, втор случај на позитивен на Ковид-19 во општина Маврово и Ростуше

Редакција