еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

„Весела математика“: Акцизата ќе се врати на старо ако малопродажната цена на нафтата се зголеми за 20 денари

Голем број реакции предизвика одлуката на Владата да се зголеми акцизата на нафтата за 3 денари со образложение дека историскиот пад на вредноста на овој енергенс го дозволува тоа и дека парите ќе се искористат како директна инекција за државниот буџет за справување со кризата предизвикана од корона вирусот.

Во лавината реакции по одлуката, речиси незабележано мина информацијата дека зголемувањето на акцизата за +3 денари, ќе важи како анти-кризна мерка доколку не се промени/зголеми цената на нафтата.

Имено, ако малопродажната цена се зголеми за 10 денари, акцизата ќе се намали за -1 денар, така ќе остане покачена за +2 денари.

Ако малопродажната цена се зголеми за 20 денари, акцизата ќе се намали за -3 денари, или ќе се врати на цената која ја имаме во моментов пред воведување на оваа анти-кризна мерка.

Уште една битна информација која мина речиси незабележано е дека Уредбата со законска сила која се однесува на акцизата ќе трае за време на вонредната состојба, но и седум месеци по нејзиното завшување односно до крајот на годинава.

Со оглед на тоа што ваквата мерка се носи во време кога се случува нестабилност на пазарот на нафта од историски размери при што дел од производителите буквално им плаќаат на трговците за да се ослободат од залихите прашање е колкав период ќе биде потребен за цената на црното злато да се стабилизира.

Тоа најмногу ќе зависи од подигањето на рестриктивните мерки поради корона вирусот во светот, што полека се случува, но сепак ќе треба да помине уште доста време пред транспортот, производството и останатите најголеми потрошувачи на нафтените деривати да се вратат во нормала.

Со други зборови, најверојатно во летните месеци, цената на нафтата на светските берзи ќе се зголеми, но тоа нема да биде доволно за да доживееме враќање на старата акциза во земјава.

Во меѓувреме, единствени што навистина ќе бидат погодени од ваквата мерка се граѓаните, кои како и вообичаено на крајот ќе го платат цехот на оваа криза, како и на претходните.

Останатите потрошувачи од стопанството и транспортот не ги намалија цените на услугите и производите кога цената на бензините падна под 50 денари, така што сега немаат многу простор да се бунат против зголемувањето на акцизата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Влада: Акцизата на нафтата се зголемува за три денари

Бензините поскапуваат за 3,5, а нафтата за 1,5 денари

Корона вирусот и „пресуди“ на нафтата: Историски најниски цени на црното злато

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Топ 5 акции со најголем раст и пад на Македонската берза во август

Редакција

За Бугарија не е проблем присуството на бугарскиот конзул за време на увидот на КЗСД во бугарскиот клуб

Редакција

(Видео) Дваесет години Клиника „Жан Митрев“: Како почна новата ера во македонската кардиоваскуларна хирургија

Редакција