На вчерашните претседателски избори во првиот круг убедливо победи професорката Гордана Сиљановска Давкова, зад која застана опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
Според официјални податоци на Државната изборна комисија (ДИК) од обработени над 99% од гласачките места, таа освои 40,08% од гласовите.
Втор е кандидат на СДСМ и актуелен претседател на Македонија, Стево Пендаровски, со 19,93%.
Трет е кандидатот на коалицијата „Европски фронт“ и актуелен министер за надворешни работи, Бујар Османи со 13,36%.
Четврт е кандидат на Знам – За наша Македонија и актуелен градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски со 9,26% од гласовите.
Следи кандидатот на „Вреди“ и актуелен градоначалник на Гостивар, Арбен Таравари, па професорката Билјана Ванковска, кандидат на Левица и последен е Стевче Јакимовски, кандидат на Гром и актуелен градоначалник на скопски Карпош.
Фото: ДИК