еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Во март раст на депозитите кај домаќинствата, пад кај фирмите

Народна банка (НБ) соопшти дека вкупните депозити во март, се намалени за 0,9% на месечна основа, како резултат на падот на депозитите на корпоративниот сектор, при раст на депозитите на секторот „домаќинства“.

Споредено на годишна основа, остварен е раст од 9,3 проценти, поради зголемените депозити на двата сектора, со поизразен придонес кон растот на депозитите на секторот „домаќинства“.

Вкупните депозити на домаќинствата во март се повисоки за 0,1% и 8,7% на месечна и на годишна основа, соодветно. Растот кај двете основи се должи на повисоките долгорочни депозити и депозитните пари, во услови на забележан пад на краткорочните депозити.

Во март, вкупните депозити на корпоративниот сектор, се намалени за 2,4% на месечно ниво. Надолната промена пред сè се должи на намалените депозитни пари, при дополнителен пад и на краткорочните депозити, а во услови на раст на долгорочните депозити.

На годишно ниво, депозитите на корпоративниот сектор се зголемени за 12,2%, во поголем дел како резултат на растот на депозитните пари, краткорочните депозити во странска валута и долгорочните депозити во денари, при дополнителен позитивен придонес и на останатите компоненти.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во март најголема побарувачка за автомобилските кредити

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Ресторан „Белојшки бисер“ е вистински бисер под падините на Шара

Редакција

„Аутомобиле-СК“ го доби тендерот на МВР за набавка на 10 возила за брзо распоредување вреден 243.000 евра

Редакција

Продаден блок акции од Комерцијална банка за 164.000 евра

Редакција