Беспарица

Семејните буџети на удар: Поскапеле зеленчукот, овошјето, месото, сирењето...

Трошоците на животот во мај 2018 година, во споредба со мај 2017 година забележаа пораст од 1,7 %, а цените на мало забележаа пораст за 3,1 %, соопшти Државниот завод за статистика.

 

На дното: Пет најниско платени професии во Македонија

Државниот завод за статистика ги објави најновите податоци за движењето на просечната плата во Македонија од кои може да се види дека најниска просечна плата во земјава во март, годинава од 14.129 денари била исплатена во секторот производство на кожа и слични производи од кожа

Пораст на станбените и на потрошувачките кредити

Анализирано според намената на кредитите одобрени на физичките лица, во април кај најзастапената категорија ‒ потрошувачките и станбените кредити, бележиме месечен раст од 1,2% и 1,1%, соодветно, којшто на годишно ниво изнесува 11,1% и 15,4%, соодветно, соопшти Народната банка. „Автомобилските кредити забележаа месечно намалување од 0,7%, при годишен раст од 0,6%, додека кредитите одобрени на кредитни картички остварија минимално зголемување од 0,1%

Истражување: Доволно ли се 35.000 денари за нормален живот?

Дури 21,8 % од македонските домаќинства сметаат дека за нормален живот се доволни парични средства од 25.000 до 35.000 денари месечно, покажува најновото истражување на Државниот завод за статистика.

 

Пратеничка на СДСМ смета дека поскапувањето на дизелот нема да ги погоди сиромашните, бидејќи не возат коли

Покачувањето на акцизата на дизелот нема да ги погоди сиромашните граѓани, бидејќи 60 отсто од сиромашните домаќинства во Македонија немаат автомобил, рече пратеничката на СДСМ од Делчево, Мира Стојчевска на седницата на собраниската Комисија за финансирање и буџет.

Издаден водич за мудро управување со парите

Народната банка објави публикацијата „Паметно управување со парите – водич за личните финансии“. Овој водич е наменет за пошироката јавност, со цел на едноставен начин да ѝ ги доближи основните концепти и поими од областа на управувањето со личните финансии. „При неговата подготовка се настојуваше тој да биде разбирлив и за помладите генерации и за лицата коишто немаат формално економско образование, за да може преку него населението

Живот во сиромаштија: Само третина од семејствата во Македонија можат да си дозволат годишен одмор

Голем дел од семејсвата во Македонија живеат во сиромаштија и едвај крпат месец за месец, а најдобар показател за тоа се најновите податоци од истражувањето на Државниот завод за статистика во кое меѓудругото само 31,3 отсто од 566.171 оценето домаќинство можат да си дозволат една недела одмор во текот на годината.

 

Сиромаштијата и социјалната исклученост им го отежнува пристапот на Ромите до здравствените услуги

Нееднаквиот третман од страна на здравствените работници, неможност да ги набават пропишаните лекови и да платат за болничките трошоци, немањето доволно матични лекари и гинеколози во близина на местото на живеење, висока стапка на смртност на новороденчињата, се дел од проблемите на Ромите во системот на јавното здравство. 

Инфлацијата притиска: Поскапувања кај зеленчукот, месото, млекото, горивата...

Трошоците на животот во април 2018 година, во споредба со април 2017 година, забележале пораст од 1,4 %, а цените на мало пораст за 3 %, соопшти Државниот завод за статистика. Трошоците на животот и цените на мало, во април 2018 година, во однос на претходниот месец пораснале за 0,3 отсто.

Работниците со ниски примања се уште може да аплицираат за бесплатен одмор: Прв дојден, прв услужен

Подготовките за туристичката сезона и интересот на граѓаните за владината мерка за поддршка на локалниот туризам со бесплатен одмор за работници со ниски примања, беа тема на денешната