еМагазин
Image default
Балкан

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста во првото тримесечје од годинава

Atlantic Grupa во првото тримесечје од 2024 година забележи приход од продажба во износ од 236,6 милиони евра, што во споредба со истиот период минатата година претставува раст од 9,8%, соопштија од таму.

Добивката пред камата, данок и амортизација (EBITDA) порасна за 20,3% на 25,2 милиони евра, додека нето добивката порасна за 3,2% и изнесува 9,9 милиони евра.

„Одличните продажни резултати на почетокот на годината ни овозможија силен раст на профитабилноста и покрај значителниот раст на цената на какаото и сировините, како и логистичките предизвици кои и понатаму траат, како и растот на вложувањата во луѓе и маркетинг.

Со заклучувањето на аквизицијата на Strauss Adriatica, ја потврдивме стратешката определба на Атлантик Група за зајакнување на нашиот основен бизнис, конкретно за раст на категоријата кафе, како и зајакнување на конкурентноста на регионалните индустрии и локалните брендови. Продолжуваме со значајни капитални вложувања, како и иновации во производното портфолио, меѓу кои се истакнува лансирањето на Argeta Meatless асортиманот.

И покрај предизвикувачкото геополитичко и макроекономско опкружување, остануваме уверени дека ќе продолжиме со раст на бизнисот, на одржлив начин“, истакна претседателот на Управата на Atlantic Grupa, Емил Тедески.

Пијалаци, Фармација и Кафе го предводат растот

Најголем раст оствари Стратешкото деловно подрачје Пијалаци (16%), Фармација (11,8%) и Кафе (9,4%). Кафето како најголема поединечна категорија учествува во вкупниот приход со 20,1%. Во дистрибуцијата растот го предводи Стратешката дистрибутивна област Македонија со раст од 11,6%, па следи Хрватска со раст од 10,6% и потоа Србија со раст од 9%.

Во вкупната продажба на Atlantic Grupa сопствените брендови сочинуваат 61,9% од вкупната продажба, медицинското работење 9,5%, додека принципал брендовите учествуваат со 28,6% во вкупниот приход од продажба.

Atlantic Grupa на 1. март го комплетираше преземањето на Strauss Adriatica, сопственик на српските брендови на кафе Doncafe и C Kafa, а кои со оваа аквизиција им се придружуваат на регионалните лидери во категоријата, Grand kafa и Barcaffe. Atlantic го презеде и модерниот производен погон во индустриската зона Шимановци крај Белград, со 220 вработени, а трансакцијата претходно беше уредно одобрена од страна на Комисијата за заштира на конкуренцијата во Република Србија.

Значајна новост во производната програма во првиот квартал донесе и Argeta, со лансирањето на безмесните намази со вкус на месо, во склад со растечките трендови во прехрамбената индустрија, посочуваат од таму.

Пионер во известувањето по ESRS стандарди и шампион во родова еднаквост

Годишниот извештај на Atlantic Grupa за 2023 година е објавен во согласност со новите законски прописи за нефинансиско известување, што значи дека, покрај вообичаените ставки, ги применува ESRS (Европски стандарди за известување за одржливост) во рамките на одржливост, со што се воспоставува Atlantic Grupa како една од првите компании во оваа област која применува нови стандарди.

Освен тоа, Atlantic Grupa Droga Kolinska е прогласена за првак на Словенија во ESG за 2024 година, потврдувајќи уште еднаш дека Atlantic Grupa подеднакво ги исполнува ESG обврските во сите три области – околина, заедница и управување.

Сите показатели се поврзуваат во индексот на одржливост на претпријатието, кои укажуваат на успешноста на компанијата во реализација на годишните цели, а посветеноста на одржливиот развој беше видлива по тоа што Атлантик Група ги надмина поставените цели на индексот за одржливост за 2023 година, велат од таму.

Анализирајќи ја Atlantic Grupa, беше утврдена заложба за следење на родовата разновидност во компанијата и корекција на процентот на жени на раководни позиции каде што постојат такви недостатоци. Така, во Atlantic Grupa, 55% од жените се на раководни позиции, 58% во развојни програми и 52% жени вработени преку интерни конкурси, а разлика во платите нема, односно е незначителна и изнесува 2,6% во корист на жените.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Софиски Врховен суд: Каракачанов ги дискриминира Ромите во Бугарија

Редакција

Коѕијас: Владата во Грција го поткопува Договорот од Преспа

Редакција

Бериша повикува на „народна револуција“ по примерот на романската

Редакција