Македонија

Ратификација на договорот за името денеска во Собранието: Повик за блокада на седницата

Се очекува денеска граѓани повторно да се соберат во 11 часот пред Парламентот за да ја блокираат собраниската седница на која на дневен ред е предлог-законот за ратификација на договорот меѓу Македонија и Грција за спорот за името.

 

Грчева: Сакаат да не се погребуваме на македонските православни гробишта, нема тоа да го дозволиме

Солза Грчева вечерва на протестот пред Собранието ја нарече Владата фашистичка и порача дека од државата сакаат да создадат фашистичка творба. „Сакаат да не се погребуваме на македонските православни гробишта, нема тоа да го дозволиме. Се сакаат да скинат замислиле оваа нација да нема минато

Европската комисија повикува на мирни протести за името

Портпаролката на Европската комисија, Маја Кочијанчич, во изјава за МИА во врска со вчерашните инциденти за време на протестите во Скопје, повика различните ставови граѓаните да ги искажат на мирен начин. - Европската Унија е запознаена со различните ставови изразени во однос на договорот за спорот за името, и повикува различните ставови да бидат изразени на мирен начин, рече Коцијанчич.

(ВИДЕО) Протестот против договорот со Грција од пред Собрание од птичија перспектива

Министерството за внатрешни работи објави ново видео од синоќешниот насилен протест против договорот за името со Грција пред македонското Собрание. При протестот беа повредени неколку граѓани и полицајци, а неколку лица беа приведени. За време на протестот полицијата употреби солзавец, за да како што велат од МВР, да ги спречи демонстрантите да упаднат во Собрание.

Милошоски: Со ратификација на договорот со Грција во Комисијата за европски прашања се крши законот

Пратеникот Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ кој е и претседател на собраниската Комисија за надворешна политика реагира на одлуката на Владата Предлог-законот за ратификација на Договорот со Грција да се испрати со европско знаменце во Собранието, бидејќи на тој начин оди на расправа во Комисијата за европски прашања.

Џафери очекува до петок, договорот со Грција да помине во Собрание

​Претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери за утре во 11 часот ја закажа седницата за Предлог - законот за ратификација на Конечната спогодба за решавање на разликата како што е опишана во резолуциите на Советот за безбедност на 

Грчка Влада: Соседите велат дека се Македонци, исто како што велат дека се Македонци тие од грчка Македонија

Според самите соседи и според тоа како се самоопределуваат, велат дека се Македонци, на ист начин како што велат дека се Македонци Грците во Македонија

(ВИДЕО) Меѓу повредените пред Собрание и актерката Арна Шијак: Шок бомба и експлодирала меѓу нозете

Меѓу повредените во синоќешниот протест против договорот со Грција пред македонското Собрание е и актерката Арна Шијак.

Договорот со Грција во Собрание ќе се гласа по скратена постапка, со европско знаменце

Како и што се очекуваше договорот за името помеѓу Македонија и Грција во Собрание ќе стигне со европско знаменце, што значи истиот ќе стигне за гласање пред пратениците по скратена постапка.

Грчки медиуми: Заев во неговиот говор го злоупотреби Договорот и пет пати спомена „Грци и Македонци“

Како и во изминатите денови, македонско – грчкиот Договор и понатаму е во фокусот на медиумите, политичарите и општеството во Грција.