еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Даријан Сотировски поднесе претставка за дискриминација против Општина Тетово и Касами

Директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, Даријан Сотировски утрово како граѓанин поднел претставка до Државната комисија за спречување и заштита од дискриминација, против Општина Тетово и Градоначалникот, а во врска со настанот на 12 април на тетовскиот Градски стадион.

„Сметам дека јас и жителите со македонска национална припадност сме дискриминирани по основ на потекло, национална припадност и јазик.
Имено, како граѓани имаме рамноправно право за политиките, проектите и настаните на Општината во кои учествуваме преку плаќањето даноци да бидеме информирани на македонски јазик.

На настанот да се чувствуваме добредојдени, нашата култура да е подеднакво претставена, покрај останатите да има изведувачи и Македонци, водителот да говори и на македонски јазик, да се виори македонското знаме и да се интонира македонската химна. На ревијалниот натпревар да учествуваат фудбалски ветерани и Македонци и да бидат удостоени и македонските фудбалски клубови. Постапувањето на Општината е дискриминирачко и ги сегрегира граѓаните.

Убеден сум дека големото мнозинство жители на Тетово од различна припадност се согласуваат дека градот може да оди напред само кога е пријатно место за живеење на секој еден човек. Но, мора да се согласиме дека тука има и нелуѓе, и нив мора енергично и постојано да ги разобличуваме,“ напиша Сотировски на Фејсбук.

Фото/КОВЗРГ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Минатата недела 16 смртни случаи од Ковид-19, најмногу од Скопје, 6

Редакција

Притвор за 25-годишното момче за убиството на старицата од Струмица

Редакција

(Видео) Детали од МВР за криминалната група нарко-дилери од која беше запленета дрога вредна 800.000 илјади евра

Редакција