Граѓаните ќе треба да заменат над 20 милиони банкноти од 10 и 50 денари

1228 Views Април 9, 2018 Бизнис Никола Осило

Народната банка на РМ од 15 мај годинава ќе пушти во оптек книжни пари изработени од полимер, во апоени од 10 и 50 денари. Истовремено ќе се повлекуаат од оптек на книжните пари во апоени од 10 и 50 денари коишто се во оптек од 8 септември 1996 година, а се употребуваат и во моментов.

Согласно со оваа одлука, на денот кога ќе бидат пуштени во оптек книжните пари во апоени од 10 и 50 денари, изработени од полимер, книжните пари со истата апоенска вредност, коишто се во оптек од септември 1996 година престануваат да бидат законско средство за плаќање.

Нив, правните и физичките лица ќе можат бесплатно да ги заменат со други книжни и ковани пари со еквивалентен износ. Замената на книжните пари, од 15 мај годинава до 15 мај следната година, ќе ја вршат деловните банки основани во Република Македонија, а по овој период, замената ќе се врши во Народната банка.

Тоа значи дека во период од една година граѓаните и компаниите ќе треба да заменат над 20 милиони бакноти во апоени од 10 и 50 денари кои што во моментов се во оптек во Македонија.

Фото: НБРМ

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

За Авторот

Никола Осило

Професионален новинар со повеќегодишно искуство. Новинарството постои за јавноста да се информира, а не за да се контаминира. Факти пред ставови!