Во „Хотели Метропол“ ќе се делат награди од 1,4 милиони денари

449 Views Април 16, 2018 Бизнис Никола Осило

„Хотели Метропол“ АД Охрид преку Македонската берза ги соопшти предлог-одлуките за престојното Собрание на акционери меѓу кои и одлуката за распределба на добивката.

„Се одобрува добивката по оданочувањето за 2017 година на “Хотели-Метропол“ АД Охрид во износ од 24.029.321 денари да се распредели-употреби на следниот начин:

-за законски резерви износ од 1.201.466 денари

-нераспределена (акумулирана) добивка во износ од 21.372.314 денари

-средства за награда во бруто износ од 1.455.541 денари.

Средствата предвидени за награда во бруто износ од 1.455.541,00 денари, ќе се распределат на начин и во износ согласно Одлука која ќе ја донесе Одборот на директори“, пишува во предлог-одлуката.

Фото: Хотели Метропол

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

За Авторот

Никола Осило

Професионален новинар со повеќегодишно искуство. Новинарството постои за јавноста да се информира, а не за да се контаминира. Факти пред ставови!