Автопатот Демир Капија-Смоквица наместо три ќе има две патарини, ќе биден пуштен до крајот на месецот

Новиот автопат од Демир Капија до Смоквица ќе биде пуштен до крајот на месецот. На него наместо три, како што беше предвидено, ќе има две патарини. Едната кај Гевгелија, другата кај Демир Капија.

Како што информираше директорот на Агенцијата за патишта, Зоран Китанов, новите две наплатни рампи ќе бидат изградени за осум до десет месеци. Тоа значи дека оваа година, откако ќе биде пуштен новиот автопат, нема да се плаќа патна такса на новата делница долга 28 километри.

„Од моментот на давање на дозволата за градба, рокот за изградба е осум до десет месеци. Две патарини ќе има, една кај Гевгелија, една кај Демир Капија. Со најсовремен систем со сите светски мерила, да немате веќе застој“, изјави Китанов.

Министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески информираше дека паралелно со изградбата на автопатите почнуваат градежни активности за реконструкција на 30 патишта низ земјата во вредност од една милијарда денари.

Фото: МТИВ

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.