Командант Хоџа потврди дека добил функција во Владата, „за да преживее„

По бурните реакции во јавноста откако во медиумите излезе информацијата дека Џезаир Шаќири или попознат како командант Хоџа станал советник на премиерот Зоран Заев за безбедност, на својот Фејсбук профил се огласи и Шаќири, кој вели дека не е избран ниту за премиер, ниту за прв парламентарец. 

„Едноставно се работи за функција за да преживеам. Секакви луѓе има во Владата избрани на разни функции, а вие реагирате за мене“, напиша Шаќири, додавајќи:

„Откако Заев победи на последните парламентарни избори имавме еден политички договор, јас да го ослободам Танушевци и тој да ми обезбеди владина функција блиску до него, како гаранција за мојата безбедност. Фактички, Заев направи математика да ме приближи до себе и да нема никакви проблеми. Јас не сум направил договор со Заев за гласови и очекувам овој договор премиерот да го испочитува„.

Фото: Фејсбук/Џезаир Шаќири

ПРОЧИТАЈТЕ ГИ И ОВИЕ СТОРИИ

Командант Хоџа ќе го советува премиерот Заев иако е на црната листа на САД

Советници по заслуга или за мир во куќа: По Бошковски и Хоџа, кој уште ќе го советува Заев?

Командант Хоџа ќе го советува Заев за безбедност?

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.