Средниот прст на Амди Бајрам и очајот на СДСМ

„Политиката е курва“ е добро позната и општо прифатена изрека која се чини дека е сосем оправдана, а најдобар доказ за тоа е последната одлука на владејачкото мнозинство од СДСМ меѓу своите редови да ги вклучи Амди Бајрам и Мендух Тачи, двајца добро познати актери на македонската полтичка сцена.

Сите се сеќаваме на средниот прст на Амди Бајрам и неговите сочни зборови кон Зоран Заев и СДСМ додека беа во опозиција, а не треба многу да се зборува и за партијата на Тачи која доживеа дебакл на последните избори.

Ваквата одлука на СДСМ и премиерот Заев само го истакнува очајот на владејачкото мнозинство кое очигледно е немоќно да ги спроведе замислените политики без поддршка во парламентот и воопшто од гласачите.

Попусти се обидите некако да се оправда коалицирањето со довчерашните противници и владејчката коалиција треба добро да знае дека секој потег се мери од гласачите. Се чини дека аналитиарите од СДСМ ја утнаа работата кога станува збор за процените дали ваквиот потег ќе и донесе повеќе добро или лошо на партијата.

Истовремено, станува очигледно дека на македонските граѓани им е здосадено да ги гледаат политичките актери како Бајрам и Тачи, бидеќи тие веќе со години се „шлепаат“ на стара слава и ги користат ваквите ситуации за политички и личен бенефит.

Овој потег на СДСМ само покажува дека на Македонија како никогаш досега и се потребни нови ликови на политичката сцена и да се надеваме дека во иднина тоа нема да бидат осудени криминалци и лица кои се далеку од образовани.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

За Авторот

Никола Осило

Професионален новинар со повеќегодишно искуство. Новинарството постои за јавноста да се информира, а не за да се контаминира. Факти пред ставови!