СДСМ и претседателот Иванов контра ДУИ: „Тивка битка“ за избор на нов гувернер

1545 Views Мај 17, 2018 Бизнис Никола Осило

Откако актуелниот гувернер Димитар Богов ја повлече кандидатурата за реизбор на гуварнерското место по што претседателот Ѓорѓе Иванов ја предложи вицегувернерката Анита Ангеловска Бежоска за ова место, а СДСМ експресно го прифати овој предлог станува јасно дека меѓу коалициските партнери во Владата се води „тивка битка“ околу прашањето кој ќе ја води Народната банка во наредните седум години.

Имено, ДУИ го фаворизира изборот на Фатмир Бесими за гувернерското место и се уште молчи околу новиот предлог на Иванов.

Од друга страна, се чини дека можно е последниот збор околу изборот на нов гувернер да го има ВМРО-ДПМНЕ со оглед на тоа што оттаму најавија дека ќе го разгледаат новиот предлог на Иванов и дека потоа ќе се изјаснат дали за нив Бежоска е прифатлив кандидат за гувернерка на Народната банка.

Доколку Бежоска бида избрана, таа ќе биде првата жена што застанала на чело на Народната банка. Инаку, таа е признат професионалец и има повеќегодишно работно искуство во Министерството за финансии и како вицегувернер на НБРМ.

ПРОЧИТАЈТЕ ГИ И ОВИЕ СТОРИИ

Анита Ангеловска Бежоска нов предлог за гувернер на Иванов

Богов се повлекува од кандидатурата за гувернер на НБРМ

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

За Авторот

Никола Осило

Професионален новинар со повеќегодишно искуство. Новинарството постои за јавноста да се информира, а не за да се контаминира. Факти пред ставови!