(Фото) Како изгледаше венчавката на Ребека и Мики пред 12 години

Ребека и Мики прославија 12 години брак, а фотографиите од овој среќен момент, Ребека ги сподели со своите фејсбук-пријатели, потсетувајќи на овој убав момент.

„Нашата венчавка пред 12 години на денешен ден❤Љубов“, напиша Ребека.

Ребека тогаш активно ја градеше нејзината музичка кариера, со која во послдните неколку години послабо се бави. Таа е основач на Здружението Дајте ни крилја, и се залага за правата за деца со ретки болести. Мики, пак, е лекар на Клиниката за онкологија.

Ребека и Мики имаат три деца Маркијан, Макариј и Доротеј.


фото: Фејсбук профил на Ребека

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.