Со „Ало кафана“ на најбрз начин во контакт со која било кафана

Ало Кафана е апликација која ќе ви овозможи на најбрз начин да стапите во контакт со било која кафана.

„Апликацијата служи како дата база на кафани со телефонски броеви и адреси. Кликнете јави се и направете резервација во вашата омилена кафана.Ало Кафана исто така ви нуди и локација на секоја од кафаните доколку немате информации каде истата се наоѓа. Доколку немате идеја за тоа каде би сакале да ја поминете вечерта, апликацијата нуди приказ со кафаните близу вашата локација.

Едноставно е, само кликнете на кафаната и дознајте ја локацијата. Идејата на апликацијата е да го намали времето на пребарување на контакт детали и штом еднаш ја симнете може да работи и со офлајн ресурси.

Направете резервација и забавата може да започне“, се вели во презентацијата на оваа апликација на Плеј стор.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Најчитани вести