На глувонеми родители потребен им е специјален „бејбифон“ кој чини 500 евра, да им овозможиме да функционираат со бебето

Глувонемиот брачен пар Наумоски добија синче, а бебето за некој ден ќе наполни цели 3 месеци.

„Се трудиме на секој начин да можеме да ги индивидуализираме како семејство ( мора да се научат дека еден ден можеби нема да можеме да бидеме во близина ) но за жал ноќите со дете се тешки. Без овој бејбифон не можат да функционираат доколку нема во семејството некој што слуша. Од другите семејства што го имаат - и по интернет гледаме дека овие бејбифони чинат околу 30.000 денари.

Со оглед на тоа дека ние како семејство им помагаме да имаат свој нов скормен дом - секоја помош дополнителна ќе ни олесни на нам како семејство а посебно на нив во овој момент кога имаат детенце.

Овој бејбифон има многу силни вибрации што ќе помогне на мајката во текот на ноќта да се разбуди доколку детето плаче, но има и силни светлосни знаци преку денот кои сигнализираат дека детето плаче, се смее, ја вика, итн“, се вели во апелот на Здружението на граѓани „Стопли Срце" 

Сметка за донации: 270072685480143

IBAN: MK07270722000030435

HALKBANK 

Цел на дознака: За сем. Наумоски

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.