Барикади пред судот: Ќе биде ли Груевски првиот премиер осуден за криминал?

Фотографии со барикади пред зградата на судот во Скопје се појавија на социјалните мрежи, а во исчекување на денешната пресуда на Основниот суд 1 за случајот „Тенк“ во кој на поранешниот премиер Никола Груевски и на поранешниот помошник министер во МВР, Ѓоко Поповски им се суди за набавката на луксузниот мерцедес.

Предметот го води судијката Добрила Кацарска која вчера веќе му изрече затворска казна од 9 години и мерка притвор на Поповски за случајот “Триста“ за злоупотреба на службената положба и овластување при набавката на 300 возила за МВР.

Поранешниот премиер на Република Македонија, Никола Груевски ги отфрли обвинувањата со образложение дека станува збор за политички мотивиран случај.

Во овој предмет обвинета е и поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, но постапката за неа поради ризична бременост беше издвоена.

Фото: ВМРО-ДПМНЕ

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

За Авторот

Никола Осило

Професионален новинар со повеќегодишно искуство. Новинарството постои за јавноста да се информира, а не за да се контаминира. Факти пред ставови!