Како ќе се смени името: Милошоски објави план во 11. точки

Поранешниот министер за надворешни работи и актуелен пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, на својот Фејсбук профил објави план од 11. точки, за којшто вели дека се рамката и чекорите договорени од министрите за надворешни работи на Македонија и Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас, што ќе ги спроведат премиерите Алексис Ципрас и Зоран Заев за смена на уставното име на Република Македонија. 

„1. Дефинирање на новото име преку повратна комуникација меѓу Заев и Ципрас.

2. Потпишување на договор за промена на името во Преспа на почетокот на јуни.

3. Договорот за името оди во македонското Собрание каде треба да помине со гласање на 61 пратеник.

4. Грција испраќа писмо до НАТО за да одобри условен прием (членство само по уставни промени).

5. Грција испраќа писмо до ЕУ за поддршка за почеток на преговорите на Скопје под услов уставните промени да завршат во рок од 12 месеци.

6. На 28 јуни Заев ќе биде поканет на самитот на ЕУ официјално да го прими датумот за почеток на пристапни преговори

6а. На 11/12 јули Скопје ќе ја прифати официјалната покана за НАТО.

7. Во октомври ќе се одржи референдум за името со кој Заев ќе треба да покаже дека мнозинството граѓани ја прифаќаат рамката за промена на името.

8. Врз основа на очекуваната силна поддршка од СДСМ и албанските гласачи Заев ќе побара поддршка од опозицијата во Собранието и со 2/3 мнозинство да се промени Уставот за името. Доколку некои пратеници искажат противење на промена на името, СЈО и други владини институции ќе спроведат соодветен притисок.

9. Договорот за промена на името ќе дојде за гласање и пред грчкиот парламент, по што ќе почне процесот на ратификација во другите земји членки на НАТО

10. ОН, ЕУ и НАТО ќе го признаат новото име“, пишува тој.

Фото: ВМРО-ДПМНЕ

ПРОЧИТАЈТЕ ГИ И ОВИЕ СТОРИИ

Кој прв ќе се повлече по евентуално решение за името, Заев или Димитров?

„Скај“: Во јуни датум за преговори со ЕУ, во јули покана за НАТО, во октомври промена на името на Македонија

Се крчка ли референдум со услов новото име на Македонија да биде врзано со членство во ЕУ и НАТО?

Коѕијас: Конечниот договор за името во рацете на Заев и Ципрас 

Димитров: Договорена рамка за компромис за името

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.