Се крчка ли референдум со услов новото име на Македонија да биде врзано со членство во ЕУ и НАТО?

Како никогаш досега напредуваат преговорите меѓу Македонија и Грција околу спорот за името, наметнат од грчка страна. Прв пат во изминативе децении министрите за надворешни работи од двете земји усогласија рамка во која може да се постигне договор, што следува откако во јавноста одекна изјавата на премерот Зоран Заев дека нашата земја стои зад предлогот Илиденска Македонија, што беше отфрлен од Грција.

Индикативно е што и грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕиас во изминативе денови имаше низа средби со високи функеционери од САД, Германија и Брисел на која главна тема на разговор беа токму преговорите околу името, а зовреа и телефонските линии на меѓу западните сојузници и Македонија.

Сега, остануваат прашањата дали ЕУ ќе ги усогласи сопствените ставови односно дали Брисел ќе одобри почеток на преговорите за зачленување на Македонија доколку во меѓувреме има решение за спорот за името и дали евентуалниот договор меѓу Зоран Заев и Алкесис Ципрас ќе значи и автоматско одржување на референдум.

Со оглед на тоа што Заев вети референдумско изјаснување на граѓаните околу предлогот за новото име, извесно е дека во блиска или подалечна иднина референдумот би можел да се искористи за двосмислен политички маневар со кој граѓаните би требале да се изјаснат дали го прифаќаат новиот предлог за името со тоа што би значело почеток на преговорите за членство во ЕУ и зачленување во НАТО.

ПРОЧИТАЈТЕ ГИ И ОВИЕ СТОРИИ

(ВИДЕО) К-15 и Миле Паника визионери: Пред десетина години го дале предлогот Крушевска Македонија

Кој прв ќе се повлече по евентуално решение за името, Заев или Димитров?

Како ќе се смени името: Милошоски објави план во 11. точки

„Скај“: Во јуни датум за преговори со ЕУ, во јули покана за НАТО, во октомври промена на името на Македонија

Коѕијас: Конечниот договор за името во рацете на Заев и Ципрас 

Димитров: Договорена рамка за компромис за името

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

За Авторот

Никола Осило

Професионален новинар со повеќегодишно искуство. Новинарството постои за јавноста да се информира, а не за да се контаминира. Факти пред ставови!

Најчитани вести