Кој прв ќе се повлече по евентуално решение за името, Заев или Димитров?

Преговорите за името, кои според некои експерти одамна излегоа од рамката во која се водат истите под покровителство на ОН, се пред финале, најавуваат македонските и грчките медиуми.

Грчките медиуми ја објавија и рамката за решавање на спорот, за која вчера министрите за надворешни работи, Никола Димитров и Никос Коѕијас изјавија дека е договорена.

До каде се работите ќе стане појасно во текот на неделата, откако за напредокот ќе разговараат и премиерите на Македонија и Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас, а ќе се искристализираат до самитот на ЕУ на 28. јуни.

Во меѓувреме во политичките кругови веќе се шпекулира со оставка на македонскиот министер за надворешни работи, Никола Димитров, но и со оставка на премиерот Зоран Заев, по евентуално решение на спорот или ако не се најде истото.

И двајцата во неколку наврати рекоа дека се подготвени да ги жртвуваат политичките кариери за да се најде решение за името.

Од друга страна пак грчките медиуми во изминатиов период често посочуваа дека „тврдиот орев“ е Димитров.

Што ќе се случи останува да видиме.

Фото: Влада

ПРОЧИТАЈТЕ ГИ И ОВИЕ СТОРИИ

(ВИДЕО) К-15 и Миле Паника визионери: Пред десетина години го дале предлогот Крушевска Македонија

„Скај“: Во јуни датум за преговори со ЕУ, во јули покана за НАТО, во октомври промена на името на Македонија

Како ќе се смени името: Милошоски објави план во 11. точки

Се крчка ли референдум со услов новото име на Македонија да биде врзано со членство во ЕУ и НАТО?

Коѕијас: Конечниот договор за името во рацете на Заев и Ципрас 

Димитров: Договорена рамка за компромис за името

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.