Ќе помине ли договорот помеѓу Македонија и Грција во македонскиот и грчкиот парламент

Како и што се очекуваше најголемите опозициони партии во Македонија и Грција, ВМРО-ДПМНЕ и Нова демократија не се согласуваат со тоа што е предвидено со дговорот помеѓу Македонија и Грција, за кој се договорија премиерите на двете земји, Зоран Заев и Алексис Ципрас.

За ВМРО-ДПМНЕ договорот е “капитулација“, а за Нова демократија „вртење на грб на грчкиот народ“.

Во Македонија работите се појасни за тоа дали овој договор може да помине во Собрание, бидејќи Заев ги има потребните 61 глас.

Исто така нема дилема дека албанските партии ќе го подржат договорот, како и дека сите пратеници на СДСМ ќе застанат позади договорот. 

Договорот може да го блокира претседателот Ѓорге Иванов, а доколку тој стави вето, истиот ќе треба да се гласа по втор пат.

Проблем во Македонија е ревизија на Уставот, што е исто така предвидено со договорот. За тоа на Заев во Собрание ќе му требаат најмалку 81 глас, кои според сегашната состојба неможе да ги обезбеди.

Во Грција, работите исто така може да се искомплицираат.

Грчкото собрание има 300 пратеници, а за да договорот помине потребни се 151 гласа.

Владејачката коалција, составена од Сириза и Независни Грци го имаат потребното мнозинство, но од Независни Грци рекоа дека нема да гласат за договор кој како решение ќе го има терминот Македонија.

Поради тоа Сириза останува покуса за 9 гласа.

Против договорот е и Златна зора, а кец во ракавот на Ципрас може да му биде коалицијата Движење за промени, која ја предводи Фофи Генимата, а во која е и Река на Ставрос Теодоракис, ПАСОК и Демократска левица, кои заедно имаат 26 пратеници.

Секако останува дилемата дали и сите пратеници на Сириза ќе застанат зад договорот и дали за гласање на договорот во грчкиот Парламент гласањето ќе биде со т.н. зголемено мнозинство од 180 пратеници.

ПРОЧИТАЈТЕ ГИ И ОВИЕ СТОРИИ

Според Договорот, „Воинот на коњот“ ќе добие плочка, дека е симбол на грчката култура

Ќе добие ли и СДСМ ново име: Што предвидува договорот помеѓу Македонија и Грција

Кога името Северна Македонија ќе се употребува внатре во државата

Регистарските таблички ќе бидат со ознака НМК, кодовите ќе бидат МК и МКД

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.