(Фото) Честитки до Хрватска од Заев и Димитров

Хрватска вчера ја совлада репрезентацијата на Англија со 2:1 и влезе во финалето на Светско првенство во фудбал. Една од најверните навививачки е претседателката Колинда Грабар Китаровиќ која на ова првенство, не го симна хрватскиот дрес од себе.

А честитки за победата дојдоа и од страна на премиерот Зоран Заев и министерот Никола Димитров.

„Честито Хрватска! Политиката, спортот регионот и светот се среќаваат вечерва во Брисел“, напиша Заев.

Фото/Фејсбук профил на Никола Димитров

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.