еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА

Ви се работи професионално во САД? PassRight ќе ви ја плати работната виза O-1

Професионалци и кариеристи, ве молиме за малку внимание! Денес можете да ангажирате професионален адвокат за имиграција без да морате да ги платите правните или владините такси, ниту пак треба да се грижите за спонзори. PassRight – стартап компанија од Сан Франциско, позната и како

O-1 Visa Company ви нуди покривање на сите трошоци поврзани со имиграцијата, доколку сте квалификувани. Откако ќе добиете виза, PassRight ќе ви помогне да најдете работа.

За возврат, плаќате 17% од вашата плата (до 25.000 долари) во рок од две години, но само доколку најдете работа. Ако престанете да работите и останете без работа, ќе престанете и да плаќате.

Вистинската цел за лидерите на големите американски корпорации е внесување разноликост на работното место. Во Силициумската долина има недостаток од технички таленти од странство кој толку многу се забележува што секој ден има повеќе од 10.000 отворени работни позиции само за full stack софтверски инженери, како и многу други позиции за STEM професии. Ваквите позиции се достапни на радиус од само 80 километри.

Според извршниот директор на PassRight, Лиран Џејкоб Розенфелд, решението не е само да се едуцираат нови инженери или истите да работат на далечина, туку во Силициумската долина да се донесат најдобрите таленти од целиот свет. Според Розенфелд, голем дел од предизвикот е самата значајност на можноста.

Зошто визата О-1 се смета за вистинското решение за талентираните работници?

Визата О-1 е наменета за луѓе кои имаат исклучителни способности. За еден барател да е квалификуван за виза О-1, истиот мора да ги исполни највисоките критериуми на владата на САД за извонредни способности, вклучувајќи и три критериуми од следната листа:

● Добивање награди кои се национално или меѓународно признати или награди за извонредни резултати во полето на работење

● Членување во здруженија во полето за кое се бара класификацијата, а за кои се потребни извонредни достигнувања за кои одлучуваат признати национални и меѓународни експерти од тоа поле

● Објавен материјал во професионални или во важни трговски публикации, списанија или други важни медиуми за корисникот и за неговата работа во полето за кое се бара класификацијата

● Оригинални научни, образовни или деловни придонеси од големо значење за полето

● Авторство на научни статии во професионални списанија или други важни медиуми во полето за кое се бара класификацијата

● Висока плата или надоместок за услуги, со договор како доказ или други веродостојни докази

● Учество на панел или индивидуално учество како судија за оценување на работата на другите во истото или во поле поврзано со полето за кое се бара класификацијата

● Вработување на суштинска или клучна позиција во организации и установи кои уживаат голем углед.

Според најновиот твит на Трамп за имиграцијата во САД – тој е за носење таленти од странство во САД.


Зошто сега е вистинското време инженерите да почнат со работа во САД?

Моментално, економија на САД цвета за инженерите. Податоците од Бирото за трудова статистика предвидуваат дека ќе се отворат 1,4 милиони работни позиции во компјутерскиот сектор. Бидејќи дипломираат само 400.000 студенти по компјутерски науки, се претпоставува дека до 2020 година
2 милиони работни позиции ќе останат непополнети.

Просечната годишна плата на еден софтверски инженер во крајбрежниот дел на Сан Франциско изнесува 140.000 долари. Меѓутоа, повеќе компании од крајбрежната област плаќаат и поголеми суми на оние со исклучителен талент.

Талентирани и квалификувани инженери од целиот свет со нетрпение чекаат да ѝ се приклучат на работната сила во Силициумската долина. Поради застрашувачките имиграциски политики, талентираните лица сметаат дека сега не е вистинското време за преселување во САД.

Сепак, според Розенфелд, „Спротивното е точно. Сега е најдоброто време за работа во САД.“.
Визната програма О-1 продолжи да расте, бидејќи дури и сегашната администрација сака да ги донесе најдобрите таленти од странство во САД.

Нов бизнис модел за талентирани лица

Најдобрите таленти се рамномерно распределени низ целиот свет, но најдобрите плати се даваат во Силициумската долина. Поради оваа причина, PassRight во новиот финансиски модел го користи „Договорот за споделување приход“ (I.S.A.). PassRight планира да им помогне на најталентираните работници да направат кариера во САД, без да мораат да си ја ризикуваат заштедата или да бараат заеми.

PassRight на странските инженери им нуди четири опции:

1. да плаќаат 17% од платата во период од 2 години, доколку најдат работа (до 25.000 долари)

2. пакет од 10.000 долари – платени однапред

3. еднократно плаќање на 15.000 долари веднаш по одобрување на визата

4. 20.000 долари во 8 еднакви рати почнувајќи од датумот на одобрување на визата

Во текот на 2018 година, PassRight им помогна на 124 таленти од странство да добијат виза О-1. Стапката на успех изнесуваше 98%. Истовремено, PassRight одби илјадници баратели кои не беа квалификувани.

PassRight е технолошки пионер и е првата компанија која создаде софтвер за визата О-1.

Скринингот за визата О-1 му е секому достапен бесплатно на интернет. Откако барателот ќе го помине автоматскиот скрининг за виза О-1, таа/тој треба да прикачи документи како кратка биографија/резиме и други материјали кои ќе се искористат како докази пред правната компанија за виза О-1 со која соработува PassRight.

Откако правната компанија ќе се увери дека барателот е целосно квалификуван, започнува аплицирањето за виза.

Во просек потребни се 2,5 месеци за процесот за аплицирање за виза О-1.

За визата О-1 потребен е спонзор, но со услугите на PassRight агенција за таленти ви нуди да ги потпише обрасците за спонзорство со план кој вклучува потенцијални работни понуди од најдобрите работодавачи во Силициумската долина.

Дејан Петрески, талентиран инженер од Македонија, се запозна со Лиран Розенфелд на едно патување во Израел пред неколку недели. И двајцата цела година работеа од различни држави и конечно решија да се запознаат. Според Лиран Розенфелд, Дејан и PassRight долго време соработуваат сè со цел Дејан да дојде во САД.

Меѓутоа, се чека Дејан да стане целосно квалификуван за визата О-1, а откако тоа ќе се случи, планирано е тој да дојде да работи во нивната канцеларија. Розенфелд го додава следното: Работењето на далечина е супер, ама вистинската вредност започнува кога целиот тим ќе се собере на едно место.

Според Дејан Петрески, во Македонија еден софтверски инженер заработува до 30.000 долари годишно, а истовремено, Скопје, главниот град на Македонија, е еден од најзагадените градови во светот поради индустриските емисии, чадот од греењето на дрва и издувните гасови од старите автомобили. Затоа преселбата во САД за еден инженер претставува одлична можност за подобар живот, култура и финансиска слобода.

Постојат и други талентирани инженери кои се заробени во воени зони како Украина, Русија, Јемен и Сирија. Што се однесува до развојот на инженерите жени, во многу земји (како Саудиска Арабија) жените се нееднакво, а понекогаш и ужасно третирани. За овие жени САД е единствената светла точка.

Овде во PassRight имаме за цел овие талентирани луѓе да ги донесеме во САД, да им обезбедиме место и да придонесеме не само за разноликоста на работното место, туку и за американската економија.

Лиран вели, „Во PassRight не се грижиме за тоа од каде доаѓате, туку кон каде се стремите.“

КОМЕРЦИЈАЛНА ОБЈАВА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во градежништвото зголемени трошоците за вработените и за нови куќи

Редакција

Инфлацијата во ноември 19,5%

Редакција

Ново покачување на платите во „КАМ маркет“

Редакција