еМагазин
Image default
Македонија

Вице Заев вели дека е чесен бизнисмен, Николовски го смета за главен бизнис-фактор

Братот на премиерот Зоран Заев, Вице Заев се појави денеска во Основниот суд Скопје 2, на рочиштето за предметот во кој го тужи потпреседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски за навреда и клевета изречени во дебатна телевизиска емисија.

Вице Заев негира дека е сопственик на компанијата за производството на канабис за медицински потреби „Еленица“, освен дека порано бил член на нејзиниот Надзорен или Управен одбор, а со производството на канабис за медицински потреби немал допирни точки.

„Членови на моето пошироко семејство, мои први братучеди, да. Јас не. Јас сум сопственик на фирмите „Тотал инженеринг“ и „Тотал електрик“. Сте можеле сè ова да го проверите, а за парцелата за градба, ако Ви било нешто сомнително, сте можеле да пријавите во обвинителството. Немате право да ме клеветите и навредувате“, му кажа Заев на тужениот Николовски.

Заев во тужбата навел дека: „тој е чесен човек и успешен бизнисмен со висок углед во средината во која живее и работи„ и дека: „ваквите изјави кај него резултирале со чувство на вознемиреност, напнатост и намалено расположение, пропратено со вегетативна симптоматологија, потење и црвенило на лице кое нешто предизвикало силна душевна болка кај него“.

Според Николовски пак, Заев потврдил дека тој лично, и неговото потесно и пошироко семејство е дел од бизнисот со одгледување на медицинска марихуана.

„Потврди дека е дел од градежниот бизнис, и исто така, потврди дека неговите компании имаат раст во изминатите години, што мене ми дава право да заклучам дека станува главен бизнис-фактор во државата“, рече Николовски.

Следното рочиште е закажано на 12 април.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Се потел и му се појавило црвенило по лицето: Братот на премиерот го тужи потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Николовски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Фон дер Лајен до Петков: Бугарија да помогне за реализација на ветувањето од 2020 за старт на преговрите со Скопје и Тирана

Редакција

И рускиот министер Лавров сака да дојде на Самитот на ОБСЕ во Скопје

Редакција

Кои се кандидатите: Денеска се избира нов шеф на Основното јавно обвинителство за гонење на oрганизиран криминал и корупција

Редакција